Таа неодамна го прослави нејзиниот 86-ти роденден: Дали знаете како изгледа Софија Лорен денес?

4 ноември, 2020
лореееен

Убавата Римјанка и оскаровка е позната со децении како една од најубавите жени во историјата на киноматографијата, а и денес е убавица, во деветтата деценија од животот.

Италијанската актерка Софија Лорен го прослави својот 86-ти роденден на 20 септември, но таа одбива да биде пензионерка! Шармантната добитничка на Оскар, родена како Софија Вилани Шиколоне, се врати на работа со улогата во драмата „Животот од напред“ во реализацијата на Едоардо Понти за жена која го преживеала холокаустот и дели престој со дванаесетгодишник кој неодамна ја ограбил.

Ова е големо изненадување за обожавателите на Софија Лорен, која не ја гледаме често во јавноста, а која последен пат сними нов филм во 2010 година, кога ја играше нејзината мајка Ромилда во филмот за сопствениот живот „Мојата куќа е полна со огледала“. Бидејќи веќе подолго време немаме шанса да видиме како изгледа една од последните диви на светскиот филм, многумина беа заинтересирани за тоа како изгледа Лорен во нејзините подоцнежни години.
Ако не прашатaте нас – величествено!