Таа признава дека нејзиниот дедо бил украден од мртовечницата за „последната забава“

24 август, 2020
Beautycon Festival LA 2018

Легендата што кружеше конечно беше потврдена

Холивудската актерка, 45-годишната Дру Баримор конечно го потврди она што се шпекулира повеќе од половина век за нејзиниот починат дедо, ценетиот глумец Џон Баримор, кој почина во 1942 година од цироза на црниот дроб и откажување на бубрезите. Имено, по неговата смрт, започна да кружи приказна која прерасна во легенда, за тоа како пријателите го украле неговото тело од мртовечницата по неговата смрт за да „присуствува“ на последната голема забава во негова чест, пишува vulture.com.

Дру рече дека е вистина дека безживотното тело на Џон е украдено од мртовечницата од неговите пријатели и колеги, за да може да ја прослави големата проштална забава со нив. Тие, наводно, го сместиле неговото тело на масата за покер за да може да го одигра својот последен натпревар со нив.

Се надевам дека моите пријатели ќе го направат истото нешто за мене

 „Се надевам дека моите пријатели ќе го сторат истото за мене“, отворено призна актерката, која се здоби со светска слава како мало девојче со нејзината улога во спектаклот на Стивен Спилберг ‘E.T.’

„Таквиот дух ми одговара. Само поставете ми го телото исправено и ајде да се напиеме неколку во чест на моето заминување “, рече гордата мајка на две девојчиња, седумгодишната Олива и две години помладата Френки, кои ги доби со својот поранешен сопруг Вил Копелман.

‘Мислам дека смртта доаѓа со премногу тага и тоа е добро, треба да жалиме, но добро е за мене ако сите би можеле да бидат среќни по мојата смрт и да слават. Баш би го сакала тоа“, додаде искрено.

escort - Korsan taksi