Тајсон призна дека се чувствува виновен за смртта на Тупак: “Го притиснав да дојде таа вечер…”

15 декември, 2020
tan2020-10-292245162511-830x0


„Се чувствувам малку виновен затоа што го притискав да дојде на боксерскиот натпревар таа кобна вечер кога беше убиен“, рече Тајсон во едно интервју.


Поранешниот американски професионален боксер Мајк Тајсон (54) неодамна во едно интервју откри дека се чувствува виновен за смртта на раперот Тупак Шакур (1971-1996), кој беше убиен на 25-годишна возраст во Лас Вегас.

Имено, трагично починатиот рапер беше во Лас Вегас кобната вечер за да гледа боксерски натпревар помеѓу Тајсон и Брус Шелдон, а сега славниот боксер откри дека се чувствува виновен за тоа.

Мајк сега во едно интервју откри дека се чувствува виновен што извршил притисок врз Шакур да дојде на мечот, бидејќи таа вечер бил застрелан во автомобилот.

Тајсон сакал да оди до рингот со песната на Тупак и вели дека го форсирал да му ја донесе таа песна на касета.

-Беше навистина лош ден кога се случи. Беше навистина лошо… – започна Тајсон.

-Се чувствувам малку виновен, затоа што го притиснав со зборовите: “Еј, дали сакаш да ми ја донесеш касетата? Не ја заборавај” – додаде славниот боксер.

Тајсон вели дека по борбата планирал да му се придружи на Шакур во ноќниот клуб „662“, пред кој раперот бил застрелан од непознат напаѓач, но дека пред тоа, Тајсон ги сменил плановите.
По борбата тој си заминал дома, бидејќи дома го чекале неговата сопруга и штотоку роденото бебе, па сега се чувствува делумно виновен за сè. Погледнете го интервјуто на Мајк на видеото во текстот.