Таткото на овој познат актер бил ладнокрвен убиец, убил најмалку 20 луѓе!

22 април, 20200
вуди

Вуди Харелсон, од најобичен смотаница од локален кафе бар стана еден од најпопуларните светски актери, а во својата кариера има остварено бројни одлични улоги, како во долгометражни филмови, така и во серии.

Иако не е актер чие име се развлекува по таблоидите, сепак во својата биографија има една црна точка. Се работи за неговиот татко, Чарлс Харелсон кој е осуден убиец.

Чарлс во 1979 година е осуден на две доживотни казни за убиство на еден судија, а претходно го поврзувале со низа други убиства.

Од продавач на енциклопедии до платен убиец

Чарлс цел живот бил човек од акција. Пораснал во Тексас, а подоцна се приклучил во американската морнарица. Потоа се преселил во Лос Анџелес каде работел како продавач на енциклопедии и ја запознал мајката на Вуди, Дијана. Но, брачниот живот не бил за него. Се развел од Дијана, на која и припаднале децата, а тој не плаќал ниту алиментација за нив. Потоа се женел уште четири пати.

Со криминалното подземје веројатно се поврзал во моментот кога западнал во големи долгови. За него се смета дека убил дваесетина луѓе.

Приказна преполна со бизарни пресвртници

Братот на Чарлс, Клод бил приватен детектив кој бил ангажиран од страна на таткото на едно од убиените лица. Приказната оди до таму што се претпоставува дека Чарлс и Клод заеднички соработувале во измамата со цел да извлечат дополнителни 3000 долари од семејството на убиеното момче.

Потоа Чарлс ангажирал еден од најдобрите адвокати и на тој начин е ослободен. Се нижеле и обвиненија за други убиства, но тој цело време се извлекувал со помали казни, за да на крајот излезе од затвор за само пет години.

Кокаински признанија и големо бегство

Бидејќи бил кокаински зависник, во една прилика Чарлс во момент на лудило и под дејство на кокаин, на сред автопат отворил оган кон возилата кои се движеле по автопатот. Полицијата дошла на местото на настанот, го опколила и почнала да преговара цели шест часа со издрогираниот и вооружан Чарлс. Во таква состојба тој го признал убиството на судијата. Откако бил уапсен и затворен, тој во затворот смислил бегство со уште двајца затвореници, но при обидот за бегство тие се фатени и така Чарлс е префрлен во уште построг затвор, каде во 2007 година умира од срцев удар.

Son of a Hitman

Сето ова е инспирација за крими серијата Son of a Hitman која веројатно ќе биде новата документарна серија на Нетфликс.

Вуди нема проблем со тоа да зборува за својот татко и во 1988 година изјавил: “Не учествуваше во моето воспитување, но го посетував во затворот еднаш годишно. Можеби ќе звучи чудно бидејќи зборувам за осуден убиец, но татко ми беше еден од најелоквентните, најначитаните и најшармантните луѓе кои ги познавам. На него гледам повеќе како на некој кој би можел да ми биде пријател отколку на некој кој ми е татко”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi