Тој потрошил 16.500 илјади евра на пластични операции: „Јас сум маж, но сакам да изгледам како куклата Барби“

22 октомври, 2020
barbi

“Сè уште не сум совршен. Сакам нов нос и сакам да ставам импланти за да изгледа моето тело повеќе во форма на буквата S, скоро како да е фотошопирано”


Хонза Шимша (26) од Брно во Чешка сексуално го привлекуваат жени а на работа носи типична работна облека, но во слободното време повеќе сака да носи вештачки трепки, потпетици и шарени перики. Тој се опишува себеси како обожавател на „пластичниот изглед на куклата“, а моменталнотој има 90 мл филери во лицето.
Тој веќе потроши 16.500 илјади евра на пластична операција, а еднаш месечно бесплатно става филери во усните, образите и брадата од квалификуван пријател.

-Иако се облекувам и се однесувам вака, јас сум машко во главата. Жените ме привлекуваат, но многу им пречи мојот изглед, бидејќи честопати не им е јасно. Моментално сум слободен и сосема сум задоволен за тоа – објасни Хонза.

При изборот на партнерка, за него е важно и таа да личи на куклата Барби. Секогаш се прашуваше како би изгледал со женствени црти на лицето, па затоа еден ден решил да го направи и тоа. Првата операција ја направил во 2017 година, и оттогаш не запре.
Кога првпат ја започна трансформацијата, Хонза рече дека честопати добивал сурови коментари.

Некои луѓе сè уште имаат старомоден став и бидејќи изгледав како маж, но имав големи усни и шминка, би привлекол големо внимание, што не е секогаш позитивно. Сега, сепак, веќе потсетувам на жена, по сите операции, па луѓето генерално не реагираат толку негативно – рече тој.

-Уште не сум готов. Сакам нов нос и сакам да ставам импланти за да изгледа моето тело повеќе во формата на буквата S, скоро како да е фотошопирано. Се обидувам да ги игнорирам луѓето кои се негативни кон мене. Да, јас сум човек кој изгледа како Барби, но тоа не значи дека луѓето треба да бидат покварени. Треба да славиме, а не да ја осудуваме различноста – додаде тој.