Тој потврди дека среќата ја најде во прегратките на 16 години помладата девојка, која сака да се слика гола!

16 јули, 20200
gola

Актерот Брајан Остин Грин ја потврди врската со австралиската манекенка Тина Луиз, откако беа фатени како се држат за рака додека одеа на вечера.

Брајан Остин Грин го поврзуваа со Кортни Соден од страна на американските медиуми по разводот од неговата поранешна сопруга Меган Фокс, но се чини дека неговото срце сепак го освои убавицата со која се гледа во јавноста во последните неколку недели.

46-годишниот актер ги потврди наводите за врска со 38-годишната австралиска манекенка Тина Луиз, откако вечераа во ресторан, држејќи се за раце. Судејќи според фотографиите, парот уживаше, и цело време имаа големи насмевки на нивните лица.

Остин Грин не го криеше фактот дека тешко се справува со разводот од Фокс, која по неколку недели шпекулации ја потврди својата врска со раперот Machine Gun Kelly. Тој својата среќа ја најде во прегратката на австралиска убавица, која има 2,4 милиони следбеници на Инстаграм и е една од поуспешните модели на Инстаграм.

Тина Луиз исто така е шеф на ресторан во Лос Анџелес, град во кој се преселила од родната Австралија за да работи на нејзината кариера. Таа својот беспрекорен изглед го надополни со бројни тетоважи што и го покриваат скоро целото тело, и нема намера да престане со нив. Таа објави дека има голема тетоважа на роза истетовирана на стомакот пред неколку дена, а наскоро планира да направи уште неколку тетоважи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *