Том Хенкс и официјално станал Грк

27 јули, 20200
сфдсфсдфс

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис (52) и неговата сопруга Марева (53) се дружеа со двајца нови грчки државјани, холивудскиот актер Том Хенкс (64) и Рита Вилсон (63) во сабота, 25 јули. Имено, Мицотакис на својот Инстаграм профил објави фотографија со холивудски актери во кои ги прикажуваат своите нови грчки пасоши со насмевка на лицето. „Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки граѓани“, напиша Мицотакис. Тие се запознале на островот Парос. Рита е со грчко потекло, а Хенкс долго време поседуваше вила од 450 м2 на островот Антипарос.

Двојката ја посетуваше Грција секоја година и тие се многу среќни за новото достигнување. Да ве потсетиме, Хенкс го прифати Православието заради неговата сопруга. Рита е родена во Калифорнија, нејзината мајка Дорота е гркинка, а нејзиниот татко Хасан Калил Ибрахимоф е Помак. Рита, sвездата на филмовите „Несоница во Сиетл“, „Приказната за нас“ и „Невестата бегалка“ ја прифати верата на мајка си, а потоа ја рашири во семејството. Претходните години, Хенкс и неговата сопруга го прославуваа Велигден во Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *