Том Круз беше еден од најпосакуваните мажи, а сега жените бегаат од него без да се свртат! Еве зошто!

11 ноември, 2020
том

Иако отсекогаш важеше за еден од најзгодните мажи во Холивуд, Том Круз е сè уште сингл и тоа години по разводот со Кети Холмс. Според таблоидите, за Круз е тешко може да најде љубов поради скиентологијата.

Извор за таблоидот тврди дека активното учество на Круз во оваа религија ги ограничува шансите за да ја најде жената на неговиот живот. Повеќето жени се плашат да се приклучат на скиентологијата, но би морале да го сторат во случај да бидат во врска со Том, а камоли да се омажат за него. Истиот извор исто така тврди дека дури и ако Круз се заинтересираше за некого во овие осум години, таа жена сигурно многу бргу ќе избегаше без да се заврти.


Но, и покрај предизвиците за наоѓање на љубовта, Круз не планира да ја напушти својата вера. Покрај тоа, извор за таблоидот тврди дека Том би ја избрал скиентологијата во секој момент наместо жената со која би можел да го помине остатокот од својот живот.

Што се однесува до неговата поранешна сопруга Кејти Холмс, актерката одамна го преболи Круз, иако отсекогаш се зборуваше дека таа е повеќе фасцинирана од Том отколку тој од неа. По разводот, Кејти беше во врска со актерот и пејачот Џејми Фокс и беше со него со години. И покрај фактот што многу се пишуваше дека Кети страдаше многу за Фокс бидејќи тој ја изневерувал немилосрдно во текот на целата врска, на Кејти не и требаше многу време да го преболи и Фокс. Сега излегува со осум години помладата готвачка Емилија Витол и не се срами да го покаже тоа.

Во меѓувреме, Круз го поврзуваа со Ванеса Кирби, англиска актерка која го доби британскиот Оскар за најдобра споредна женска улога за улогата на принцезата Маргарет во историската драмска серија на Нетфликс „Круната“ и Хејли Атвел, колешката на Круз од „Невозможна мисија 7“ , што сè уште се снима, а треба да се појави во кината на 23 февруари следната година. Извор за таблоидот изјави дека Круз флертувал со овие две sвезди и дека Хејли, која е релативно нова во филмската индустрија, е воодушевена од фактот дека некој како Круз, кој е главно име на Холивуд со децении, се заинтересирал за неа.

Сепак, Круз јавно не ги искажа своите чувства кон Хејли, а уште во 2014 година тој изјави дека не му е приоритет да оди на дејт. На крајот на краиштата, тој веќе три пати беше во брак.

Да потсетиме, актерот првпат се ожени со актерката Мими Роџерс во 1987 година, а тие се разделија во 1990 година. Интересно е тоа дека Роџерс беше таа која го воведе во скиентологијата. Набргу потоа, Круз се ожени со Никол Кидман, но во 2001 година тој нагло поднесе барање за развод од Кидман. Круз тогаш беше романтично поврзан со неговата колешка од филмот „Ванила Скај“, Пенелопе Круз. Сепак, тие се разделија во 2004 година. Набргу потоа, Круз и Холмс започнаа да се забавуваат. Тие се венчаа во 2006 година, но се разведоа во 2012 година.

Од сето ова може да се заклучи дека Круз има исто толку динамичен љубовен живот на почетокот на неговата пракса како саентолог, но се чини дека колку повеќе се искачува по хиерархиската скала, толку повеќе скиентолозите очекуваат од него и со тоа да се откаже од својот љубовен живот. Но, ако тоа е избор на Том, кои сме ние да судиме.