Трди дека очекува дете од поранешното момче на славната Кардашијан, кој ја изневери додека беше бремена

16 мај, 20200
кимберли

Тристан Томпсон има дете со Џордан Крег и со Клои Кардашијан, а по скандалите и бројните афери, кошаркарот, наводно, очекува уште едно дете.

Кошаркарот Тристан Томпсон, наводно, бил на ДНК тестирање за да утврди дали тој е татко на детето. Оваа девојка тврди дека забременила од него откако спиела со него.

Пред да ја запознае реалити ѕвездата Клои, кошаркарот беше во врска со Џордан. Врската со Кардашијан започна во септември 2016та година, додека Џордан беше бремена со нивниот син. Блогерката Џордан се породи во декември истата година. „Кога се запознав со Клои, не бев во врска. Негативните коментари кои беа упатени до Клои беа целосно неосновани. Таа не заслужува да се клевети поради моите грешки. Џордан и Клои се прекрасни мајки за моите деца“, изјави во една прилика кошаркарот.

Само еден месец откако Клои објави дека очекува дете со кошаркарот, тој беше фатен во прегратките на две различни девојки, и симен како ги бакнува. Поминаа само неколку дена откако Клое ја роди нивната ќерка. Тие раскинаа веднаш по скандалот, но таа реши да му даде втора шанса и тие брзо се смирија.

Тристан сега е под нови тврдења дека очекува дете со друга жена. Daily Mail пренесува дека станува збор за Кимберли Александар, која e неверојатнo сличнa со сестрите Кардашијан. Кимберли тврди дека е модел и не се срами да се соблече и има профили на неколку порно-страници на Интернет. Адвокатите на Тристан велат дека ДНК-тестот се покажал како негативен, но Кимберли тврди дека лажеле сè, затоа што не сакаат да признаат дека тој за толку кратко време и направил дете на друга жена.

„Сигурна сум дека тој е таткото на моето дете“, напиша девојката на социјалните медиуми.

Бидејќи неговите адвокати ја напаѓаат поради лажење и ширење негативни гласини за нивниот клиент, Кимберли вели дека светот наскоро ќе ја слушне нејзината страна на приказната и единствената вистина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi