Требаше да заврши пред олтар со големиот заводник, но се најде во неволја поради даноци

4 јуни, 20200
тѕуи

Бар Рефаели минатата година мораше да плати 8 милиони долари даночен долг кон државата Израел. Таа претходно тврдеше дека претежно живее во странство, што се покажа дека е лага.

Израелката Бар, која го слави својот 35 роденден на 4 јуни, уште на 8 месечна возраст ја започна својата кариера како модел, кога се појави во неколку реклами. На 12-годишна возраст ја прекина манекенската кариера затоа што носеше протези, а во 2000 година победи на модниот натпревар „Модел на годината“ во Израел.

Таа се појави во меѓународните изданија на списанијата Vogue, GQ, Maxim и Esquire. Таа има соработувано со познати брендови, меѓу кои Шанел, Ралф Лорен, Викторијас Сикрет и Рибок. Во 2007 година, таа стана втората израелска манекенка која се најде на насловната страница на списанието „Спорт илустрејтс“.

Рефаели е исто така успешна како водителка и од 2013 година ја води натпреварувачката емисија „The X Factor Israel“, а во 2019 година беше ко-водителка на натпреварот за песна на Евровизија што се одржа во Тел Авив.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret е во брак од 2015 година со претприемачот Ади Езра (45) кој е по потекло од Израел исто како неа. Двојката има ќерки Лив (3) и Еле (2) и син Давид кој е роден во јануари годинава.

Пред нејзиниот брак, Рефаели беше во врска со славниот добитник на Оскар Леонард Ди Каприо (45). Тие беа заедно од 2005 до 2009 година.

View this post on Instagram

All day everyday ☀️

A post shared by Bar Refaeli (@barrefaeli) on

Нејзините адвокати ја бранеа, тврдејќи дека таа била во Америка поголемиот дел од времето и живеела со тогашното момче Ди Каприо, но докажано е дека таа поминала повеќе од 150 дена во Израел секоја од тие години. Покрај тоа, Бар им кажа на даночните власти во САД дека живее во нејзината матична држава и таму плаќа даноци. Сепак, на крајот беше разоткриена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi