„Тристан Томпсон е среќен човек“- Овој коментар под нејзината секси фотографија случајно го потврди она за кое со месеци се шпекулираше

29 август, 2020
semejstvo-kard-fakti-17

Скот Дисик коментираше под фотографијата на Клои Кардашијан дека Тристан Томпсон е среќен човек, со што потврдува дека поранешната својка се смирила.

Поранешниот зет на Клои Кардашијан, Скот Дисик, со еден навидум невин коментар ги потврди гласините кои кружеа со месеци. „Тристан Томпсон е среќен човек“, напиша Скот во коментарот на последниот пост на Клои на Инстаграм, потврдувајќи ги гласините дека се смирила со својот поранешен партнер.

36-годишната Клои „скокна“ во црно бикини за да ја промовира новата линија на нејзиниот бренд „Good American“, а на сметка на изгледот доби бројни комплименти. Покрај Дисик, нејзината сестра Ким Кардашијан, исто така, напиша коментар, пишувајќи „wow“ покрај срциња емотикони.

Риалити sвездата во последниве месеци неколку пати негираше дека се смирила со поранешниот партнер и изјавила дека повеќе време поминуваат заедно поради нивната ќерка. Извори блиски до Клои истакнаа дека ѝ одговара друштвото на Тристан, но тие се загрижени дека поранешната двојка живеела во нереален свет и се плашеле дека реалноста ќе ги оддалечи уште повеќе.

View this post on Instagram

Good Swim back in stock NOW!!!!

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Сега тие тврдат дека не само што се смирила поранешната двојка, туку тие се посреќни од кога било. Клои се надева дека Тристан се променил и дека нивната љубов ќе успее овој пат. Нејзиниот менаџмент не ги коментираше наводите.

Иако раскинаа минатата година затоа што Тристан ја изневери Кардашијан и целата јавност дозна за тоа, се чини дека Клои најде сила да му прости. Тој дури ја изневери за време на нејзината бременост. Кошаркарот беше виден со неколку мистериозни жени во интимно дружење, а во февруари 2019 година беше фатен како се бакнува со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на Клои, најдобрата пријателка на сестрана на Клои- Кајли Џенер. Набргу потоа, тие се разделија.

escort - Korsan taksi