Вака изгледа домот на Новак и Јелена Џоковиќ: Луксуз, но со мерка! (ВИДЕО)

15 април, 20200
jelena i novak

Јелена и Новак Џоковиќ се изолирани за време на корона вирусот во удобноста на нивниот дом, со нивните деца Стефан и Тара.

Католичкиот Велигден го помина на интересен начин, а во таа прилика тие објавија видео во кое им се обраќаат на сите верници кои го слават овој ден.

Станува збор за „јога предизвик“ што го направија во нивната дневна соба. Во оваа прилика, нивните фанови имаа можност да го видат луксузот во нивниот дом, во кој ги поминуваат овие денови.

– Среќен Велигден на сите оние што слават! Ние мислиме на сите вас и ви испраќаме многу љубов, посакувајќи да можеме да ја надминеме оваа ситуација заедно и да излеземе од сето ова подобри и посилни. Јас и Ноле ви ветивме „ јога предизвик“ и многу се забавувавме додека го снимавме. Децата пејат, кученцата лаат…. сè е идеално.

Јелена Џоковиќ претпочита да поминува време со нејзиното семејство и во нормални околности, кога не е во вонредна состојба, таа често споделува фотографии и статуси за тоа како го користи своето слободно време. Фотографиите од патувања, вкусна храна од кујната и други активности секогаш се интересни за големиот дел од јавноста. Еве едно такво видео од нивните карантински денови!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi