Вака изгледа гардероберот на Лила Филиповска за квизот „Се или нешто“

26 август, 2020
lila

Припадничките на понежниот пол особено се радуваат на нови парчиња облека, обувки, накит, а кога целото тоа женско богатство е средено во еден совршен плакар, тогаш задоволството е уште поголемо.

Кога сте јавна личност, неизбежно е вашиот гардеробер да е преполн со разни модни парчиња облека, некои кои одговараат за на сцената и пред камерите, а други пак за оној живот кога ќе се исклучат рефлекторите.

Македонската водителка Лила Филиповска и пред и зад објективот камерите секогаш изгледа средно, модерно и со стил, па речиси никогаш или барем ретко сме ја виделе во иста модна комбинација.

Неодамна Филиповска се пофали со својот моден рај во нејзиниот дом, па на своите следбеници им покажа како изгледа нејзиниот плакар со разни модни комбинации.

Меѓутоа, по подолгата и непредлива пауза поради пандемијата со коронавирусот, водителката се врати на снимањата на квизот на „Се или нешто“

За пред ТВ екраните и за потребите на квизот, Лила се подготвува во студиото на Сител каде што и таму има свој гардеробер, па бира некоја од комбинациите која ќе ја облече за да се појави пред публиката и ТВ екраните.

Овој пат, Лила во кусите приказни на Инстаграм сподели како што самата истакна нејзиниот „друг живот“ односно го покажа плакарот преполн со високи потпетици, како и неколку модни комбинации кои се наменети за снимањата односно го покажа гардероберот за квизот „Се или нешто“.

Нема сомнеж дека Лила професиоанлно си ја врши работата, а дали конечно оваа сезона некој ќе и го земе милионот останува да видиме