Вечниот миленик на убавиците сакаше да се сокрие од објективите, но беше фатен на дело во опуштено издание и друштво кое ќе ве изненади

19 август, 20200
leo 1

Леонардо Ди Каприо беше снимен како се забавува на плажа во Малибу, каде што побара прибежиште од летните горештини.

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо реши да побара освежување среде топлотниот бран, кој ја погоди Јужна Калифорнија, во Малибу, а притоа е снимен во одлично расположение во друштво на неговата 22-години помлада девојка Камила Мороне и членовите на семејството.

Исто така, се чини дека 45-годишниот актер, за среќа за своите обожаватели, успеал да изгуби неколку килограми, иако не може да се пофали со извајано торзо како кај некои негови колеги затоа што неговиот стомак е сè уште таму, но тоа не им пречи премногу. Исто како што не им пречеше на многу убавици што ги освои досега. Леонардо се обиде да се сокрие од папараците со спортска капа и очила за сонце, но сепак уживаше да трча на плажа и да скока во oкеанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *