Веќе не е плавуша! – Сузана Манчиќ изненади со нејзиното ново издание!

22 мај, 2020
сузана 2

Иако во текот на целата кариера беше русокоса, Сузана Манчиќ реши драстично да го промени својот имиџ.

Имено,водителката, како и многу нејзини колеги, едвај чекаше да се релаксираат мерките утврдени поради пандемијата на корона вирусот, за да го посети фризерскиот салон.

Сепак, овој пат Сузана не само што го намали растот, туку и ја промени бојата на косата.

Манчиќ реши да стане бринета, а нејзините следбеници на социјалните мрежи имаа поделени мислења.

Додека некои аплаудираат на оваа промена, други  сугерираат дека „плавата е нејзината боја“ и дека таа треба да се врати на старо што е можно поскоро.