Венчавката на нејзиниот поранешен сопруг ја уништи и заврши на лечење, но од сето тоа извлече големи лекции!

23 јули, 20200
selena 3

Во последниве години, Селена Гомез се бори со лупус, за што мораше да има трансплантација на бубрег. Покрај тоа, Џастин Бибер и  го скрши срцето и таа го напиша хитот „Lose You To Love Me“.

Пејачката Селена Гомез е најпозната по нејзината врска со Џастин Бибер и здравствените проблеми за кои отворено зборуваше.

Селена, која го слави својот 28 роденден, некогаш ги полнеше медиумите со нејзината турбулентна врска со Џастин со кого влезе во врска во 2010 година. Двојката постојано раскинуваше, па се смируваше и на моменти беше тешко да се процени во која фаза е нивната врска. Гомез му посветуваше доста песни на Џастин, од кои можело да се заклучи дека имале многу проблеми.

Исто така се шпекулираше дека Џастин во хитот „Love Yourself“ зборуваше за Селена, особено во делот каде што пее дека неговата мајка не ја сака неговата девојка, а таа ги сака сите луѓе. Тие конечно раскинаа во март 2018 година и истата година Џастин се ожени со манекенката Хејли Болдвин. Пејачката беше шокирана од ова, но благодарение долгата пауза што ја зема, го направи хитот „Lose You To Love Me“, кој ги сруши музичките топ листи и ги сруши сите рекорди. Поради песната посветена на Џастин, таа стана првиот музичар што паралелно беше на врвот на топ листите и на Billboard и на Rolling Stone.

ФОТО) Џастин Бибер плаче за состојбата на Селена Гомез

Освен љубовни, Селена имаше и здравствени проблеми. Поради нив, пејачката откажа дел од концертот на успешната турнеја „Revival“. Имено, Гомез се бореше со напади на депресија и паника и затоа се пријави на клиника за рехабилитација.

Селена, исто така, е дијагностицирана со лупус, хронична автоимуна болест која може да влијае на различни делови од телото, вклучувајќи ги и кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, крвта, бубрезите и мозокот. Нејзината состојба беше толку сериозна што и беше потребна трансплантација на бубрег во 2017 година, а донатор беше нејзината блиска пријателка Френсија Раиза.

Патем, мајката на Селена ја родила кога имала само 16 години, а нејзините родители се развеле кога имала пет години. Таа порасна во сиромаштија и нејзината мајка едвај спојувала крај со крај. Пејачката еднаш рече дека јадела вечера со семејството, која чинела еден долар.

„Мајка ми го посвети целиот нејзин живот на мене и на моите потреби. Таа работеше по три работи за јас да се чувствувам подобро и јас ќе и бидам вечно благодарна за тоа“, рече Гомез. Пејачката стана позната со тоа што ја доби својата прва улога на каналот Дизни и после тоа направи музичка кариера.

На само 16 години, Селена потпиша договор со познатиот Hollywood Records, со кој Деми Ловато и Мајли Сајрус веќе соработуваа. Потоа им даде отказ на својата мајка и очув, кои беа нејзини менаџери, и започна да работи со професионалци кои ја направија светски позната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *