Џорџина Родригез со искрено признание: Откри што и било срам да прави со Кристијано Роналдо

15 јуни, 20200
1580414858_573261_1580415182_noticia_normal_recorte1

Џорџина Родригез, вереницата на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, во текот на изолацијата често објавуваше видеа, во коишто вежба заедно со својот вереник. Многумина ги изненади нејзиното признание, дека таа навика ја стекнала за време на пандемијата од Коронавирусот и дека дотогаш и било срам да вежба заедно со фудбалерот.

“На почетокот ми беше срам да вежбам со Кристијано. Вежбав сама, додека тој беше на тренинг, за да можеме да поминуваме повеќе време заедно кога ќе се врати” – изјавила Џорџина за списанието Women’s Health, на чијашто насловна страна стои токму нејзиниот лик.

Сосема е нормално Џорџина и Кристијано да немаат иста физичка кондиција, поради што таа повеќе практикувала да вежба сама.

Но, работите се промениле откако стравот го оставила на страна. Имала “одличен наставник” поради кого сега обожава да посетува теретана. Прекрасната Џорџина и фудбалерот Кристијано Роналдо заедно ја имаат ќерката Алана Мартина, но таа се грижи и за неговите три деца и вели дека Роналдо е нејзината најголема инспирација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi