Вереницата на Кристијано Роналдо како намерно да провоцира со провокативни фотографии од нејзините бујни облини

10 јули, 20200
georgina

Џорџина Родригез ги навикна своите фанови на многу провокативни фотографии на социјалните медиуми. Сепак, во жешките летни денови, нејзините „парталчиња“ стануваат сè помали и помали, така што нејзините бујни атрибути доаѓаат до израз.

Со најновата жешка фотографија на социјалните мрежи, Џорџина Родригез уште еднаш покажа со што го освои својот вереник Кристијано Роналдо, на кого пред две години му подари ќерка.

Згодната Шпањолка ги стави своите бујни гради во преден план во провокативен пост во кој позира во леопардски костум.

Додека лицето го покри со голема сламена капа, и тоа како ги откри своите атрибути.

Џорџина и еден од најдобрите фудбалери на светот пловеа со своето семејство со огромна јахта на Медитеранот. Младата бринета не престана да се фали за луксузот што го ужива откако се запозна со успешниот Португалец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *