Вереничкиот прстен на Деми Ловато е проценет на неколку милиони долари

31 јули, 20200
demi

Вереничкиот прстен на пејачката Деми Ловато чини меѓу два и пол и пет милиони долари, пренесуваат американските медиуми.

Имено, минатата недела одекна веста дека Деми Ловато и нејзиното момче Макс Ерик се вериле, по само пет месеци врска. Сега, во јавноста се појавуваат нови, уште поинтересни информации, во однос на цената на самиот прстен.

Неколку неименувани извори изјавија за ТМЗ дека вредноста на прстенот е меѓу два и пол и пет милиони долари.

Вереничкиот прстен е направен од дијаманти, а Макс Ерик, наводно, учествувал во креирањето на прстенот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *