Викторија и Дејвид Бекам се во карантин вреден 6,7 милиони евра

8 април, 20200
Naslovna

Бившиот фудбалер и неговата сопруга Дејвид и Викторија Бекам се во карантин поради корона вирусот во својот луксузен дом.

Во последните неколку недели, неодоливите членови на ова семејство, Ромео,Круз и Харпер го документираа престојот во вилата од 6, 7 милиони евра.

Нивниот најстар син, Бруклин е во изолација со својата девојка Никол Пелц во Америка, додека другите деца со нивните родители се во Англија.

Бидејќи времето во Велика Британија станува сè потопло, Бекамови конечно можат да го искористат својот голем двор пред вилата со базен, естонска сауна и парна бања.

Како и повеќето семејства низ целата земја, Дејвид и Викторија се обврзаа да ги едуцираат своите деца дома за време на карантинот и да им се придружат на други славни лица, барајќи од сите да останат дома и да спасуваат животи како за себе така и за другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *