Во изолација со штикли и два милиони прегледи!

2 април, 2020
Dzej-Kej

Изолација, самоизолација, карантин, социјална дистанца, се поими кои овие денови сè повеќе ги слушаме и кои нè тераат да се изолираме од останатите луѓе, да се заклучиме и да почекаме короната да умре.

Сепак мерките за самоизолација инспирирале одредени поединци да снимаат смешни видеа а еден од тие е и Џеј Кеј, пејачот на групата Jamiroquai.

Овој британски пејач и текстописец дошол на идеја да ја обработи песната “Let’s Dance” од Дејвид Боуви и да ја прилагоди на моменталните случувања. Така, преработката добила наслов “Карантин”, а еве и дел од песната:

“Заклучени! Ставете маски и гледајте ТВ, заклучени со детски врисок. Заклучени, имам главоболка, сериозна главоболка…”.

Како одминува видеото, така откриваме дека актерот, иако носи шешир, нема панталони, но затоа има чевли на потпетици.

Погледајте го и слушнете го видеото кое има повеќе од 2 милиони прегледи и кое Џеј Кеј го објавил на својот Фејсбук профил, а под него напишал: “Ни останаа уште тримесеци!”.

https://www.facebook.com/watch/?t=7&v=256751782027827