Во креветот на Роналдо влегле многу девојки: Беше вљубен во Ирина, а ги заведе Парис Хилтон и Ким Кардашијан

18 ноември, 2020
pjimage_hxFiCRA

Португалецот започна врска со руска манекенка во 2010 година, а тие раскинаа во 2015 година. Неговиот пријател наведува дека причината за раскинувањето е тоа што Ирина сакаше дете, но Роналдо во тоа време се спротивстави, бидејќи веќе имаше син.


Љубовниот живот на Кристијано Роналдо (35) отсекогаш ја интригирал јавноста, не само поради неговиот атрактивен изглед, туку и поради теоријата на заговор дека тој всушност е хомосексуалец.

Сепак, Португалецот никогаш не го потврди тоа. Тој во моментов е во врска со Џорџина Родригез (26), а еве ги дамите кои овој фудбалер ги сакаше досега.


Џордана Џардел (38)

Овој бразилски модел беше неговата прва девојка за која јавноста слушна. Тој се забавуваше со неа во 2003 година, на самиот почеток на неговата фудбалска кариера. Инаку, таа е сестра на поранешниот соиграч на Роналдо во Спортинг, Марио Џардел (47).

Џема Аткинсон (36)

Тој започна врска со британската манекенка и актерка во 2007 година, но љубовта „прекина“ по само четири месеци. На атрактивната русокоса наводно и пречело медиумското внимание што го предизвикал Роналдо.

Парис Хилтон (39)

Најпознатата невработена жена во светот наводно го завела Роналдо во 2009 година на забава во Беверли Хилс.

2019 FN Achievement Awards - New York


Ким Кардашијан (40)

Во 2010 година светските медиуми пишуваа за нивниот заеднички одмор во Шпанија.

Ирина Шајк (34)

Португалецот започна врска со руската манекенка во 2010 година, а раскинаа во 2015. Неговиот пријател наведува дека причината за раскинувањето е тоа што Ирина сакаше дете, но Роналдо се спротивстави на тоа бидејќи веќе имаше син и беше фокусиран само на фудбалот. Таа подоцна доби ќерка со актерот Бредли Купер (45).

Gala de la Liga de Futbol Profesional
escort - Korsan taksi