Во продавница преку ред? Не може! Бекамови побегнаа од вирусот во село, локалното население не ја крие својата лутина и огорченост!

9 април, 20200
bekam

Дејвид и Викторија Бекам со своите деца за време на пандемијата се преселиле во Котсволдс, село во Англија, а локалното население едноставно не се воодушевени од нив и од нивното однесување.

Бекамови и овие други „фенси“ луѓе кои сметаат дека е добра идеја да се изолираат во селото, се само себични – изјавила една жена која работи во локална месарница во близина на куќата на  Бекам. – Тие ја споделуваат својата прекрасна вила на социјалните мрежи и ни кажуваат како одлично си поминуваат. Бекамови и другите ѕвезди се однесуваат глупаво, неодговорно и бесчувствително.

Населението истакна дека славното семејство ќе мора да си почека во редот надвор од продавницата и нема да има привилегија пред постарите жители на Котсволдс.

Семејството Бекам, сепак го посетува овој имот почесто отколку останатите ѕвезди, но тие никогаш не споделиле толку многу фотографии и снимки од Котсволдс како деновиве, така што видовме како Дејвид џогира, како Викторија игра со ќерката Харпер…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *