Време за себе: Гал Гадот се релаксира пред промоцијата на Wonder Woman 2

3 декември, 2020
190312-gal-gadot-mn-0940_6aabbec11f8cf59a4eee8eaa60356ede.fit-760w

ал Гадот одвои малку време за да се релаксира пред промоцијата на Wonder Woman 1984 („Жена-чудо 1984“) со нова фотографија што ја сподели на Инстаграм во вторникот.

35-годишната актерка изгледа потполно опуштено додека го покажува своето лице без шминка и беспрекорната кожа. Гал, која на 18 години ја доби титулата Мис Израел, е позната по нејзината природна убавина.

Гал мирно лежи на тросед на отворено, на себе има бел сарафан со дизајни во сива и беж боја. Израелската актерка, има ненападна, нежна насмевка на лицето, а објавата ја наслови: „Затишје пред бура …“

Sвездата ќе има многу медиумски настапи за нејзиниот претстоен филм, чие дејствие се преселува од почетокот на дваесеттиот век до средината на 1980-тите.