ВТОР БРАК: Фановите на Кети Холмс убедени дека повторно се мажи

26 септември, 2020
profimedia-0559307281

Во последните недели странските и домашните медиуми не престануваат да пишуваат за љубовниот живот на 41-годишната актерка Кети Холмс. Имено, по раскинувањето со 11-годишниот постар колега Џејми Фокс минатата година, актерката можеше да се види само во друштво на нејзината 14-годишна ќерка Сури, а потоа во јавноста стигнаа фотографии од за заљубената Кејти во прегратките на осумгодишниот помлад готвач Емилио Витола. Од тогаш парот не се раздели, а медиумите секојдневно носат нови детали за страствената романса.

Katie Holmes

Сепак многу обожаватели на актерката се убедени дека ова не е само минлива романса. Таа се прослави со улогата на Џои Потер во хит серијата „Досонсовиот поток“. Кети ги оправда гласините дека таа се подготвува повторно да застане пред олтарот, откако пред осум години се разведе од 58-годишниот Том Круз, со кого е во брак шест години и ја доби ќерката Сури.