За 600 тетоважи дала 42 000 евра, а 3 недели била слепа поради бојата за очи! Амбер го смени целото ТЕЛО, а еве каква беше порано! ШОК!

26 октомври, 2020
5f0c787e5af6cc4eaf2677f6

Амбер Лук, убавицата заљубена во трансформациите на телото, реши да ги сподели со обожавателите фотографиите направени пред да потроши 120.000 долари на тетоважи и пирсинзи.

Оваа убавица од Бризбејн потрошила 42.000 евра на скоро 600 тетоважи, вклучително и вбризгување на сина боја во нејзините очи, што ја ослепи три недели.

Таа потрошила уште 59 000 евра на други модификации како што се сечење на јазик, зголемување на градите, филери во образите и усните, вметнување на импланти во ушите и подигнување на задникот.


Таа се опишува себеси како „синоока бела змејка“, а обожавателите се воодушевени од нејзината природна убавина.

„Без тетоважи, имам само пирсинг на кожата“, напишала таа покрај старите фотографии на кои има само 18 години.

“Бев депресивна – жив мртовец. Се мразев себеси поголемиот дел од времето, таа омраза ме измачуваше. Сега кога целосно се трансформирав како што сакам да изгледам, се чуствувам многу гордо, јас сум силна жена која знае што сака и која е “, рече таа.

Открила дека не и се допаѓа како изгледа.

“Јас бев обична, го мразев својот изглед. Не бев јас, тоа беше досаден изглед”, рече таа.

Таа додаде дека не жали за трансформациите што ги направи во последните десет години.

„Не се плашам како ќе изгледам кога ќе остарам, јасно ми е дека никој нема да изгледа премногу добро на 70 години“, коментира таа.