Зад неа има три пропаднати бракови, а после секој љубовен бродолом Џенифер Лопез изгледа сѐ подобро!

25 септември, 2020
18

Џенифер Лопез продолжува да ужива со своето извајано тело. Таа објави фотографија на Инстаграм каде изгледа волшебно, а покрај ваквата линија, би се срамеле и двапати помлади луѓе. Навести дека е на одмор и позира во водата. Во шарено минијатурно бикини ве остава без здив. Таа не откри со кого одмарала. Многумина не знаат како вистинското име на оваа популарна пејачка е Џенифер Лин Муниз, а таа е родена во областа Бронкс во Њујорк. Таа има две сестри, Лесли и Линда.


Џенифер не пие и не пуши, што е прилично предизвикувачко за sвездите како актерите и пејачите. Ова е секако суштински фактор за нејзиниот добар и младешки изглед. Таа беше во брак три пати. Таа беше во брак со моделот Ојани Ноо една година, од 1997 до 1998 година. Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џуд, а една година откако се разведе од него, се омажи за пејачот Марк Ентони.


Тие поминаа осум години во брак и имаа две деца, близнаци Ема и Максимилијан кои и двајцата го носат презимето Муниз, што е моминско презиме на нивната мајка, а не на таткото Марк Ентони.