Запознајте ги неверојатно скромните деца на Хју Џекман

25 април, 2020
hju 2

Хју Џекман и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес долги години се бореле со неплодноста пред да одлучат да посвојат деца. Иако планирале да имаат неколку биолошки деца а потоа и да посвојат, кога сфатиле дека се изморени од ИВФ процедури, одлучиле да престанат да се обидуваат да добијат биолошки деца и да посвојат. Посвоиле две деца.

Во периодот кога ги посвоиле двете деца, тие изјавиле дека се чувствуваат како децата да се нивни биолошки и дека тоа што не можеле да имаат деца е волја на судбината.

Децата на Хју и Дебора сега се тинејџери, па сега тие се учат како да бидат родители на тинејџери, а на таа тема има навистина многу што да се научи.

Ова се двете деца на Хју Џекман, Оскар и Ава

Оскар Максимилијан Џекман

Оскар е роден на 15 мај 2000 година. Додека Хју и Дебора отворено зборуваат на тема посвојување деца, тие не зборуваат многу за нивниот приватен живот. Како и да е, во една прилика Џекман открил една интересна случка за Оскар. “Еднаш бевме на плажа. Оскар зборуваше со девојче кое имаше околу 15 години, а тој тогаш имаше 13 години. Во еден момент Оскар почна да доаѓа кон мене и почна да ми зборува- Тато, тато, таа доаѓа. И кажав дека ти си Волверин.- Се чувствував како да сум заштитно крило за мојот 13 годишен син ”.

Ава Елиот Џекман

Ава Џекман е родена на 10 јули 2005 година. Исто како и Оскар и таа стои на страна од центарот на вниманието, а како што Хју еднаш има изјавено, таа е мала верзија на Дебора. Ава сега е тинејџерка и малку се срами од фактот што татко и е толку познат. Откако се појави The Greatest Showman во кој Џекман ја игра главната улога, Ава му забранила да доаѓа на нејзините часови по балет бидејќи привлекувале многу внимание. Таа е воспитана да биде приземна, а Хју во едно интервју изјавил дека и двете деца му се воспитани да бидат благодарни и да ги почитуваат другите. Тој се обидува да им обезбеди на децата што е можно понормален живот.