Завршена е обдукција врз телото на Наja Ривера, познато е како починала

15 јули, 20200
naja

Ѕвездата на Glee, Наја Ривера (33), почина од случајно давење, изјави во вторникот патологот на округот Вентура, откако нејзиното тело беше извадено од езерото во близина на Лос Анџелес.

Телото на Риверa беше пронајдено во езерото Пира во понеделникот, пет дена откако таа исчезна на патување со својот син.

Во извештајот на патологот се вели дека нема индикации дека дрога или алкохол играле улога во нејзината смрт. Исто така, нема повреди или други медицински состојби, се вели во извештајот.

Четиригодишниот син на Ривер беше пронајден заспан во бродот во средата и неповреден. Тој им кажал на истражителите дека тој пливал со неговата мајка и дека таа го вратила во бродот пред таа да исчезне под вода.

Ривера ја играше улогата на Сантана Лопез во популарната музичка серија „Glee“ за средношколска музичка група.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *