Зета Џонс објави фотографија од своите деца, фановите зачудени: ,,Колку личат на тебе”

3 септември, 2020
77c46ea1-4aa7-4839-ae4f-a74dca9ab363

Глумицата Кетрин Зета Џонс ретко објавува семејни фотографии на социјалните мрежи. Сепак, таа сега направи исклучок и објави фотографија од нејзините две деца, 17-годишната ќерка Керис и 20-годишниот Дилан.

“Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес, нашите млади се враќаат на училиште. На различни начини, без преседан. Ве сакам и двајцата … И порака за сите деца. Знаењето е клучот за животот. Значи, борете се. И ова ќе помине. “, напиша актерката под фотографијата што ја направи.
Фановите беа изненадени од тоа колку многу личат Кетрин и нејзините деца.

„Убави деца – изгледаат исто како нивната мајка“, „Убави деца од убави родители“, „Прекрасно семејство, тој изгледа исто како неговата мајка“, се некои од коментарите под објавата.

Семејството неодамна се врати од одмор во Мајорка, а Кетрин и Мајкл се подготвуваат да ја прослават 20-годишнината од бракот.

„Заради пандемската ситуација, нема да правиме голема забава, и онака не сум некој фан на забавата“, изјави актерката.

escort - Korsan taksi