Згодната Кардашијанка се стегна во кожни панталони!

7 јули, 20200
kim

Додека светот моментално расправа за тоа каква прва дама на Америка би била ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (39), таа објавува  фотографии во нови стајлинзи. Таа носеше црвени кожени панталони, маица со иста боја и чизми од змијска кожа.

Згора на сето тоа, таа облече наметка што се протегаше од нејзиниот задник до подот.

Со оваа облека, Ким покажа како изгледа со црвена коса, но многу нејзини обожаватели во коментарите го спомнуваа нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест (43), наместо да и даваат комплименти нејзе.

„Те молам кажи му на твојот сопруг дека не го сакаме него за претседател на Америка“, напишаа тие.

Имено, Канје пред неколку дена објави дека ќе се кандидира за претседател во 2020 година, а таа објава ја сподели и Ким. Ова не му е првпат да кажува колку многу би сакал да биде претседател. Кога го спомна тоа во 2016 година, Ким многу отворено рече во интервјуто за магазинот „Wonderland“ за нејзиниот страв дека нејзиното минато може да се претвори во оружје против него.

Вест не даде дополнителни информации за својата кандидатура, но Ким рече дека нејзиниот сопруг не е републиканец, иако јавно го поддржувал Доналд Трамп (74).

– “Тој не застапува ниту една страна. Тој не сака да му се кажува што треба да прави. Јас разбирам дека сето ова може да биде збунувачко. Едно нешто што многу го почитувам кај него  е дека тој си го држи својот став, без оглед на тоа што некои луѓе му кажуваат.” – рече Кардашијан, која сега е исмејувана на социјалните медиуми и коментирана за тоа каква прва дама би била.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *