Животната приказна на Голди Хоун!

9 мај, 20200
голди

По цели 15 години Голди Хоун се врати на филмското платно.

Иако има снимано едвај триесетина филмови, Голди со години била една од најбараните холивудски ѕвезди и за неа се мислело дека ќе биде новата Мерлин Монро. Таа не е само одлична актерка, туку знае и да танцува и да пее.

Холивуската слава ја затекнала неподготвена, па долги години се борела со анксиозноста. Благодарение на терапиите и медитациите таа се изборила со својата несигуност. По два неуспешни брака зад себе таа почнала да се забавува со Курт Расел со кој се запознала на филмски сет. А по 37 годишната врска може да се каже дека тие се најдолговечниот невенчан холивудски пар. Тие заедно ги одгледале нивните четири деца: Голди од претходниот брак има две деца, Курт има едно дете од претходниот брак, а заедно имаат едно дете.

Сакајќи да живеат нормално, тие ретко се појавуваат на големи забави.

Уметничките гени Голди ги наследила од своите родители- татко и бил музичар, а мајка и балерина.

На почетокот, за живот заработувала држејќи часови по танц преку ден, а навечер била танчарка во клубови.

Познатата актерка Кејт Хадсон е ќерка на Голди. Иако Курт Расел не е нејзин татко, сепак Кејт често кажувала дека го смета за нејзин татко. Во негова чест, нејзиното дете се вика Рајдел Расел Робинсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi