Бразилската манекенка Жизел Бундшен реши да и се заблагодари на „Мајката природа“ на свој начин за се што и подарила, и на својот 40-ти роденден ќе засади дури 40 000 дрвја.
Светски познатиот модел, но и амбасадорот на добра волја на Обединетите Нации за програмата за животна средина, реши да засади дури 40.000 дрвја со помош на семејството и пријателите, и на тој начин да придонесе за обновување на природата.
„Едноставно не можам да верувам дека имам 40 години. Со овој роденден, отворам ново поглавје во мојот живот. Затоа, решив да го направам овој потег и да го прославам јубилејниот роденден на вистински начин“, изјави манекенката на нејзиниот профил на Инстаграм.
Како што е прикажано на фотографиите, во садењето учествуваат и нејзините деца, како и нејзиниот сопруг, познатата NFL ѕвезда, Том Брејди.
Жизел правеше слични иницијативи во претходните години, така што садењето дрвја не е ништо ново за неа.