„Специјалниот и незаборавен“ момент во кариерата на Мајли Сајрус за кој и требало многу храброст

22 јуни, 20200
61st Annual GRAMMY Awards - Arrivals

Во времето кога сите ја препознаваа Мајли Сајрус како Хана Монтана, таа морала да работи на оформување на сопствен идентитет надвор од кругот на пријателите и семејството. Но дури декада подоцна го направила токму тоа. Еве неколку ризични избори кои Мајли ги направила низ нејзината кариера.

Мајли Сајрус во серијата „ Hannah Montana“ на каналот Дизни

Таа во серијата е претставена како тинејџерка која исто така е и пејачка под сценското име Хана Монтана. Нејзиниот вистински татко ја играл истата улога и во серијата која се емитувала од 2006 – 2011 година, а во 2009 снимен е и истоимен филм, „Hannah Montana: The Movie“.

За време на серијата Мајли објавила два албума во соработка со „Disney’s Hollywood Records“. Приот од нив „ Meet Miley Cyrus“ бил тандем со албумот од серијата. Вториот е „Breakout“. Како што привршувало снимањето на серијата така излегол и третиот албум „Can’t Be Tamed“ во 2010 година.

Кога се појавил промотивниот сингл од албумот во Дизни не биле среќни. Според еден Twitter корисник, кој работел во Дизни тој период, компанијата веднаш се дистанцирала од Сајрус: „Сакаа да дадат до знаење нека не прифаќаат да се расфрла со нејзината сексуалнот“. Поради тоа овој албум не поминал баш најдобро во САД.

Сајрус се сеќава на еден „незаборавен момент“

Со оглед дека тоа бил одредувачки период во нејзината кариера „Can’t Be Tamed“ е многу важен перод за пејачката и нејзината публика. Запрашана кој е „специјален и незаборавен“ момент во нејзината кариера таа на Twitter одговорила: „Првиот настап во G.A.Y Лондон. Носев фустан и знаев дека ќе ги изнервирам сите, но тоа беше време кога почнав „да ги ширам крилјата“ и да се чувствувам слободна“, по што продолжи: „ми требаше многу храброст бидејќи луѓето околу мене ми зборуваа дека ќе ги изгубам сите фанови и тоа ќе биде крај за мојата кариера… Не можев да останал засекогаш Хана Монтана и тие тоа го знаеа, но исто така не ссакаа да направам грешка од која ќе немаше враќање“.

Кој бил овој настап

Шоуто на кое Сајрус мислела се одршало на 5 јуни 2010. Според видеата кои биле објавени во тоа време, таа носела маица со знамето на Британија, која подоцна ја соблекла и останала само со фустан. Додека една од причините за загриженоста на Дизни родителите била нејзината гардероба сепак поголема била одлуката да наспати во ЛГБТ ноќен клуб.

За ова можеби требало многу храброст во тоа време но сега тоа е стандардот на Мајли, која е позната за превземање ризици. Таа уште неколку пати настапулава во клубот како што рекол неговиот сопственик Џереми Џозеф на Twitter: „Ова ми го направи денот ппоуваб. Ти благодарам Мајли Сајрус, секој твој настап во G – A – Y е оставрување на сон за мене“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi