Срамежливата Кендал им го растури бракот, а Роб објави голи фотографии од поранешната сопруга

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 172939

Кога сте млади правите многу глупости. Најмногу жалам што за време на бракот ја имав таа афера. Бев невина, глупава и нестрплива, призна неодамна мајката Крис, а сите коментираа дека истото сега го прават нејзините деца

Секој скандал поврзан со кланот Кардашијан- Џенер во рок од само неколку часа ја завзема целата планета. Кајли Џенер (22) сеуште беше малолентна кога во 2014 беше во врска со 25 годишниот рапер Тајга. Потоа во 2016 година заврши на суд обвинувајки го дека дека во тоа време праќал пораки на 14 годишната Моли Омлиа. Тој тврдеше дека го интересирале само музичките таленти на Моли, но тоа беше доволно за Кајли да го остави во 2017 година.

По раскинувањето со Тајга во април 2017, таа побара утеха во раперот Травис Скот со кој после година дена ја доби ќерката Сторми Вебстер. Набрзо, Кајли го фатила Травис како праќа директни пораки на друштвените мрежи, кои можат да ги видат само Травис и личноста на кој тој ја пратил пораката. Таа го обвини за неверство, а тој дури ги откажа сите турнеи и се врати дома само за да и докаже дека е верен на неа. Го избриша и Инстраграмот. Привремено ја спаси врската, но во 2019 сепак се разделија.

Нејзината сестра Кендал Џенер (24) беше во врска во Блек Грифин околу година ипол, излегуваа по ноќни клубови, го гледаше на кошаркарските натпревари, исто така тој седна на ручек со нејзиното семејство. Но по шест месеци откако Кендал почнаа да ја поврзуваат со кошаркарот , таблоидите открија дека тој бил во друштво со млада мистериозна жена. Таа ги ставила рацете во неговите крила и изгледале многу блиски. Никој немаше поим дека кошаркарот од NBA е неженет татко. Дури по година ипол се дознало откако Брин Камерон го тужеше дека ги запоставувал родителските обврски.

The MET Gala 2019 - New York

– Грифин повеќе се грижи за холивудскиот гламур и дружењето со Кендал Џенер, отколку за неговите деца- изјави Брин и ја набеди Кендал дека таа е причината поради што Грифин ги запоставува родителските обврски. По овој скандал Кендал престана да се гледа со Грифин, тој ја продолжи кариерата во Детроит, па се пишуваше дека причина за нивната разделба е далечината. Кендал го уништила бракот, а наводно за тоа не знаела.

Нивната мајка Крис Џенер (64) во емисијата “`The Tonight Show” во 2011 признала дека го изневерила нејзиниот сопруг сого во бракот добила четири деца. Угледниот адвокат Роберт Кардашијан бил 11 години постар од неа, а таа го изневерила кога имала 30 години. Тоа го објасни вака:

– Кога сте многу млади , правите многу глупости. Веројатно најмногу ми е криво во животот што за време на бракот имав афера. Бев наивна, глупава нестрплива, па не сфаќав дека секој  брак има успони и падови- изјавила Крис.

Нејзината ќерка Кортни (41) беше едниствена која имаше колку толку стабилна врска. брем така изгледаше на почетокот. Бизнисменот Скот Дисик го запознала во 2006 година преку пријател. Љубовта траше долго за разлика од другите членови во кланот. Во врската најпрво го добија синот Мејсон Деш во 2009, па ќерката Пинелопи Скотланд во 2012 и уште еден син Реин Атон во 2014 година. Сепак, врската често пукаше. Кога парот во 2010 се пресели во Мајами, Кортни сфати дека Скот има проблеми со алкохолот. Тие прекинаа, а тој почна со лечење, па се смирија на средина на истата година.

Година дена подоцна Скот ја запроси Кортни, а таа одговори: “Ако ни е добро вака, зошто да го менуваме тоа?”. Добри им беше 4 години се додека Скот не ја изневери. Единствениот син во семејтвото Кардашијан Џенер, беше ѕвезда на таблоидите. Роб во 2016 година беше во вркса со моделот и ТВ водителката Блек Чајна. Пред тоа беше во кратка врска со Рита Ора. Но за Чајна мислеше дека е љубовта на неговиот живот и во ноември ја добија ќерката Дрим Рини (3). Но само месец дена подоцна на друштвените мрежи се шпекулираше дека раскинале. Потоа некој го хакирал инстаграм профилот на Чајна.

CHYmoji by Blac Chyna Launch Party - Hollywood

Роб потврди дека Чајна го оставила и го земала детето со себе. За да и се одмазди во 2017 година, почна да објавува како ја фатил дека го изневерува и дека тоа е причината за што раскинале. Воедно обајви и експлицитни фотографии од Чајна за да ја посрамоти, но подоцна ги избриша.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi