Среде пандемија Ролинг Стоунс ја отвораат својата прва продавница на улицата Карнаби во Лондон

9 септември, 2020
000_Par7907114

Ролинг Стоунс во среда ќе ја отворат својата прва продавница на улицата Карнаби во Лондон, иако пандемијата на корона вирусот драстично го намали бројот на туристи во градот.

Облека, обувки и музика ќе се продаваат во продавницата на RS No.9.

Се одликува со видео ѕид кој прикажува филм за бендот, звучна инсталација базирана на песната од 1960-тите „Paint it Black“ и големо лого на Ролинг Стоунс.

“Зошто би отвориле продавница за време на пандемија? Знаете, тоа е вечен оптимизам”, рече фронтменот Мик Џегер.

„Можевме да го одложиме, за следната година, но мислам дека ќе има потрошувачка. Луѓето ќе бидат љубопитни и ќе бидат надвор повеќе од порано“, додаде седумдесет и седумгодишникот.

Продавницата ќе продава и маски за лице од Ролинг Стоунс.

На прашањето зошто решиле да отворат продавница на улицата Карнаби, што е симбол на лудите шеесетти години во Лондон, Џегер рече дека е близу до местото каде што бендот ги одржува пробите.

Оваа недела, Стоунс ја објави ремастерираната верзија на албумот „Goats Head Soup“ од 1973 година, кој содржи досега непознати песни, како што е „All The Rage“.