Среќно, младенци! Свадбена фотографија на која сепак „дојдоа“ гостите!

30 април, 20200
Naslovna

Свадбите без гости станаа секојдневие, но тие не се помалку посебни и магични. Напротив, тие се особено емотивни, исто како што се одржа една венчавка во Сан Франциско.

Фотографот од Калифорнија, Висенс Форнс, на својот Фејсбук објави фотографија од венчавка на која се гледаат невестата, нејзиниот татко и бројните гости – но само на фотографиите!

Имено, со оглед на тоа што нивните роднини, пријатели и други драги луѓе не можеа да бидат на свадбата, младоженците размислуваа за начини да бидат барем симболично со нив. Тие ги ставија нивните фотографии каде инаку тие би седеле во црквата за време на свадбената церемонија, создавајќи сцена за паметење.

“Невестата влегува држејќи го нејзиниот татко за рака. Вчера имав многу среќа што бев фотограф на оваа свадба во Сан Франциско. Различна, но особено емотивна венчавка. Да не заборавиме дека животот продолжува.”

Честитки, Емили и Парис, напишана Висенс Форнс во прилог на фотографија која е сигурно дека ќе биде една од незаборавните свадбени фотографии од ерата на коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi