Старата љубов на Северина дојде на нејзиниот концерт!

13 јули, 2020
Annotation 2020-07-13 185304

По паузата од неколку месеци, пејачката синоќа одржа концерт во сплитскиот клуб и создаде атмосфера за паметење!

„Ова ќе биде добра ноќ, имам претчувство …“, ја испеа Северина и го отвори концертот со песната „Бред Пит“, кој го одржа синоќа, по долгата пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус, во еден клуб во Сплит.

„Не сум пеела долго време , заборавив какво е чувството.“, изјави пејачката пред публиката и подготви претстава, како и обично кога станува збор за нејзините настапи.

А од покривот на Сплитскиот клуб, Северина внимателно ја следеше нејзината голема, стара љубов. Тоа е Томица Петровиќ, поранешен менаџер со кого ја обнови соработката, пренесува хрватскиот портал 24sata.hr.

Откако, од непознати причини, се оладија односите меѓу Томица и Северина, тие се смирија по една година разделување, па Томица повторно стана еден од најблиските луѓе на Северина.

“Кога губите човек кој не вреди ништо, па дури ни разочарувања, не е толку тешко за вас. Кога губите човек кој ве сакал, а се плеткате, тоа е најлошото. На пример, ако мојот Томица, убав човек, се збогуваше со мене, јас би била очајна “, изјави таа за нејзиниот менаџер.

За првиот настап после долго време, Сева носеше фустан со реси, а и ја надогради косата, односно ставила екстензии.

Таа ја загреа атмосферата со хитовите „Uno momento“, „Оtrove“, „U pravu si“. Кога таа ја испеа „Moja stikla“, во клубот владееше еуфорија.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi