Старлетата ја покажала вилицата без вештачките заби- луѓето се згрозиле!

5 август, 2020
кејти 4

Англиската старлета и ТВ водителка Кејти Прајс (42) открила како изгледаат нејзините вистински заби откако ги извадила старите навлаки и ставила нови на стоматолог во Турција.

ТВ ѕвездата изгледала драматично поинаква кога зборувала пред камерата откако ги извадила бисерно белите навлаки кои претходно ги имала и со новиот изглед ги исплашила сите фанови.

Таа покажала како изгледа процесот на ставање навлаки во Турција, а кога се насмеала ги шокирала сите фанови и следбеници.

Шегувајќи се за своите заби додека разговарала со забарот, му рекла:

Сакам кога ми зборуваш прљаво

Поранешната манекенка одлетала во Турција со новото момче Карл Вудс и децата Јуниор (15) и Принцес (13), а таму ги скршила двете нозе, па ќе мора на операција по која нема да може да оди три до шест месеци. Таа ги скршила двете стапала кога го посетила тематскиот парк”Land of Legends”, скокајќи од ѕид, па сега ја чекаат месеци на агонија.