Ставете го ова во вазна и цвеќињата нема да овенат цели две недели: Генијална, но сепак едноставна идеја!

17 мај, 2020
cveke1

На Интернет се појави генијален трик кој гарантира дека цвеќињата во вазна ќе бидат свежи со денови, поточно за две недели!

Иако звучи скоро невозможно, една цвеќарка на Фејсбук открила дека постои метод со кој се продолжува свежината на цвеќето, односно ги спречува лисјата да се исушат и да испаднат.

Трикот е прилично едноставен, доволно е да се стави метална паричка на дното на вазната пред да се истури вода во неа. Така, стеблото ќе остане цврсто, а лисјата ќе задржат светло зелена боја.

Дамата што ја открила оваа техника, која сигурно многумина ќе ја користат, објавила фотографија од нејзиниот букет со кој го украсувала нејзиниот дом со денови и докажала дека овој трик навистина функционира.

Многу корисници на Фејсбук беа воодушевени од идејата, па тие веднаш ја пробаа оваа генијална идеја, како што напишаа, цвеќињата ја задржуваат својата свежина.

Некои пишуваат дека е многу подобро да провлечете игла преку стеблото, на врвот, под самиот цвет. Некои беа скептични и се прашуваа како функционира овој метод.

– Металите како што се бакарот, среброто и златото се токсични за бактериите, затоа што металот ги врзува ензимите одговорни за респирација (дишењето) на растението, со што се оневозможува нивната моќ и убива бактерии. Цветовите во вазна започнуваат брзо да се распаѓаат. Воздухот и бактериите можат да блокираат мали пори во васкуларниот систем на растението, да престанат со дистрибуција на вода и храна на други делови од цветот, а потоа тој почнува да венее, вели Џона Бакли од универзитетот Хал.

Затоа, монетата може да го регулира производството на бактерии и со тоа да ја продолжи свежината на растението.