Стилистите забележаа интересна промена во стајлингот на Меган и Хери во последно време!

12 јули, 20200
megan i hari

Британските медиуми забележаа интересна промена на Меган Маркл. Наместо живописните бои што ги носеше постојано додека беше дел од Британското кралско семејство, сега во снимките од нејзиниот дом таа е облечена во само една боја – бела боја.

Стилистот Сузи Хаслер изјави за Фемаил дека Меган на овој начин ја изразува својата солидарност во борбата против расизмот и единството со луѓето во бело.

„Секако дека Меган е свесна за симболиката на боите. Белата е начин да го покаже својот став. Тоа покажува дека таа е обединета со целите што ги застапува“, истакнува Хаслер.

Белата боја стана и изборот на принцот Хари, кој минатата недела рече дека мора да се зборува за правда и за еднакви права на сите.

Тој додаде дека монархијата треба да остане во минатото и да се обиде да го исправи сето зло што го направила. Тој призна дека и тој самиот порано имал некои несвесни предрасуди.

Меган рече дека животите на црнците се важни.

https://www.youtube.com/watch?v=cthtdE1aWRQ&feature=emb_logo

“Меган одамна ги искажува своите ставови со својот избор на облека. Имаме прилика да видиме дека не носи облека од препознатливите големи брендови, ја потенцира одржливата мода или и оддава почит на принцезата Дајана, а сега таа со својата облека испраќа политичка порака”, додава Хаслер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *