СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ: Кејти Холмс чека бебе со новото момче

26 октомври, 2020
profimedia-0495344749

Се знае и полот

Од кога се вљуби во осум години помладиот готвач Емилио Витол, актерката Кети Холмс не крие колку ужива во тоа. Овој пар веќе неколку пати беше фатен како разменува нежности во јавноста, што е само доказ за тоа колку не се грижат за туѓото мислење. Деталите за оваа страсна врска се предмет на многу извештаи во медиумите, па затоа, по „шепотењата“ за бракот, таблоидот „National Enquirer“ сега објави дека – Кети е бремена

Имено, според пишувањата на споменатите медиуми, актерката и готвачот не можеле да посакаат подобри вести. Имено, нивното прво дете доаѓа наскоро, а Сури, која оваа 41-годишна девојка ја има со актерот Том Круз, наскоро ќе стане постара сестра. Покрај тоа, наведениот таблоид е убеден дека тие го знаат и полот на бебето. Според нив, парот ќе добие – девојче.

„Сури е воодушевена од среќната вест. Со години, таа ја молеше својата мајка да ѝ даде помала сестра“, открил извор близок до парот. Сепак, ниту Кети ниту Емилио сè уште не ја објавија веста за бременоста, па ќе мора да почекаат уште малку за официјалната потврда на среќната вест.

Патем, иако веќе се зборуваше за можен брак, неодамна протече информација дека Емилио сè уште не е подготвен за тој чекор, со оглед на тоа што ја раскина свршувачката во време кога тој веќе беше заљубен во актерката. Токму поради нивниот скандалозен почеток на романсата, семејството на готвачот сè уште не е сигурно дали се согласува со оваа нова врска – особено мајката Лоурдес.

„Лоурд не го воспитуваше да биде таков и не ѝ се допадна ни најмалку како Емилио реши сè“, изјави неодамна извор близок до 33-годишниот готвач. Судејќи според сите овие информации, бракот сепак ќе почека, додека заедничкиот живот може да започне наскоро.

escort - Korsan taksi