Судската битка продолжува: Откриени се нови детали за писмото што Меган Маркл му го испратила на нејзиниот татко по венчавката

17 ноември, 2020
меган

Откако во август 2018 година му испрати писмо на нејзиниот татко во кое таа емотивно расчистува со него за сите ужасни работи што и ’ги направи од влегувањето во кралството, Меган Маркл доживеа нов шок. Британскиот таблоид „Мејл во неделата“ го објави писмото во целост. Поради ова, сопругата на принцот Хари веднаш го тужеше таблоидот, а битката на суд продолжува и денес.

Лондонскиот висок суд отфрли дел од нејзината тужба против таблоидот „Меил во неделата“, за кој таа го тужи, меѓу другото, и за објавување делови од писмото што му го напишала на нејзиниот татко неколку месеци по спектакуларната кралска венчавка.

Сепак, остануваат уште неколку судски процеси, а Меган во соработка со адвокати дава се од себе за да докаже дека британските медиуми и го нарушиле квалитетот на животот во Лондон. Изгледа дека не и оди како што треба, бидејќи се појави уште еден значаен детал што не оди во нејзина корист.

Princ Harry i Meghan Markle

Имено, уредниците на таблоидите наводно имаат докази кои потврдуваат дека писмото не е целосно дело на Меган Маркл, туку дека таа имала помош од експерти од палатата. Адвокатите на Меган Маркл, пак, тврдат дека писмото таа сама го напишала во средината на август 2018 година, три месеци откако се смирија емоциите од кралската венчавка на која не се појави нејзиниот татко Томас Маркл.

Според нејзината приказна, таа пушувала белешки на нејзиниот телефон неколку недели, а потоа рачно препишала сè на хартија и му го испратила во плик на адресата на нејзиниот татко, кој живее на мексиканско-американската граница.

Од друга страна, Томас Маркл тврди дека има докази против неговата ќерка и бара што побрзо да започне нова постапка во Лондон, нагласувајќи дека тој е во сериозна здравствена состојба и дека може да умре во секој момент.

Thomas Markle

Од друга страна, Меган побара одложување на следната тужба од приватни причини, која очигледно ќе се одржи во јануари следната година.

Meghan Markle s ocem u svojoj mladosti
escort - Korsan taksi