Кејти Холмс не може да се соземе: Сури се сели кај Том Круз и оди во скиентолошка заедница

15 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 151719

Иако веќе некое време се претпоставуваше дека еден од најпознатите припадници на скиентолошката црква, 57-годишниот глумец Том Круз би можел истата да ја напушти за да го обнови односот со 14-годишната ќерка Сури која ја доби во бракот со поранешната сопруга, 41-годишната глумица Кејти Холмс, се чини дека тоа сепак нема да се случи. Напротив, според последните сознанија на магазинот Star, Сури во скоро време би требала и самата да се придружи на заедницата.

Suri Cruise

Имено, како што открива изворот за споменатиот медиум, девојчето би требало следното лето да го помине со татко и во скиентолошката заедница. ‘Том и Сури многу разговараат и тој секогаш веруваше дека во еден момент ќе добие прилика да се запознаат подобро и во живо. Воодушевен е што конечно дочека’, вели неименуван извор за споменатиот медиум.

Tom Cruise

Освен што таблоидот наведува дека таткото и ќерката наредните месеци ќе ги поминат градејќи однос во кругот на неговата заедница, додава и дека поранешните сопружници конечно се договориле околу начинот на кој во иднина ќе ја едуцираат 14-годишната Сури.

‘Кејти нема да зборува ништо лошо за црквата, а Том нема да се обидува да ја вовлече во истата. Се договорија одлуката за приклучување кон црквата да и ја препуштат на Сури, кога ќе има доволно години за сама да одлучи што сака’, заклучи на крај изворот за магазинот Star.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *