„Свадба на векот“: Џоковиќи ја слават својата шеста годишнина, а Јелена рече “не” на ова (ФОТО / ВИДЕО)

12 јули, 20200
Annotation 2020-07-12 160959

Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ и неговата сопруга Јелена денес ја слават својата шеста годишнина од брак. Неодамна, се најдовме на насловните страни на светските медиуми, кога најдобриот српски и светски тенисер објави дека се заразил со коронавирусот.

Пред шест години свадбата се одржала во паркот на Кралева плажа, покрај “Вила Милочер” која, како што пишуваа медиумите, неможело да се приближи од приватното обезбедување кое било распространето на секои пет метри во коколината на местото на церемонијата

На венчавката присуствувале бројни познати личности, тогашниот тренер на Новак, Маријан Вајда, руската шампионка Марија Шарапова, другарите од Дејвис куп на репрезентацијата на Србија: Виктор Троицки, Јакно Трипсаревиќ, Ненад Зимојниќ

Гостите на Новак, престојувајќи во Свети Стефан, биле превезени со лимузини до блискиот шумски парк во заднината на плажата каде се случила свадбата. Бројни минувачи, туристи и локални жители на Свети Стефан и Пашировиќ со часови чекаа пред влезот во градот-хотел, надевајќи се дека ќе го видат познатиот тенисер и неговата избраничка, гледајќи и фотографирајќи ги познатите личности

Со голем транспарент „Добредојдовте Ноле и Јелена. Среќно“, група деца од локалното население им честитаа за прославата.

„Четири дена по победата на Вимблдон, Новак Џоковиќ се ожени со својата бремена свршеница на приватна церемонија во Црна Гора“, објави AP

Италијанската агенција Анса изјави дека „свадбата на векот“ се одржувала под мермерна купола, специјално направена за оваа пригода.

Француските медиуми објавија за свадбата во – парискиот весник „Поин“ (Ле Поинт), под наслов „Србинот Новак Џоковиќ, светски тениски рекет број еден, се ожени во Црна Гора“.

Foto: Getty/Credit: Alexander Hassenstein / Staff

Магазинот “Hello” објави дека Јелена е љубовта на Новак од средношколските денови, која му дава најголема поддршка, тие се заедно од 2005 година. Исто така се зборува дека сонот ќе стане реаност, потсетувајќи се дека Новак у септември 2013 година “офцијализираше” врската каде со хиликоптер ја одведе Јелена во Прованс, каде се венчаа, а таа вест ја сподели со целиот свет на својот Твитер со зборовите:”Запознајте ја мојата вереница и идна жена!”

Новак и Јелена Џоковиќ имаат две деца – синот Стефан и ќерката Тара. Иако, како што пишуваат медиумите, Новак сака повеќе деца, Јелена вели дека заедно со Новак има три деца.

Наиме, во неодамнешното интервју на прашањето дали сака повеќе деца, Џоковиќ рече:

“Упс! Тешко прашање! Во моментот, јас сум задоволен, имаме две деца. Јас ќе ви дадам еден одговор како политичар: Како брачна двојка, ситуацијата е во ред за нас во моментот. Тоа е сè што ќе кажам за сега”, рече Ноле.

Foto: Getty/ Al Bello / Staff

На забелешката на новинарите дека тоа не значи дека во иднина нема да има повеќе деца, Ноле изјави: „Никогаш не знаете. Животот е полн со прекрасни изненадувања и ние сме благословени со нашите двајца ангели од кои учиме многу работи“.

Ноле исто така вели дека само кога станал татко, тој станал свесен колку длабоко е способен да сака, но и дека родителството носи огромни одговорности. Неговите деца ќе пораснат опкружени со изобилство, а Ноле искоментира:

„Тој ќе порасне сосема поразлично од мене, а тоа има добри и лоши страни. Тој нема да ги има финансиските проблеми со кои јас се соочував, но мислам дека ќе се соочи со различни предизвици, затоа што секогаш ќе биде препознаен како нечиј син или ќерка. Тара е сè уште мала, не е свесна за ситуацијата. Стефан е голем, тој е свесен за сè, тој ме гледаше на неколку турнири додека играв, тој почнува да разбира, тој е многу паметен и зрел, но добро се снаоѓа со сè – вели Ноле, истакнувајќи дека ќе биде голем предизвик да го градат својот идентитет и да се одвојат од етикетата на децата на славните родители.

Foto: Getty/Clive Brunskill / Staff

Во интервјуто учествуваше и Јелена Џоковиќ, која се осврна и на предизвиците во родителството.

“Јас ги вложив сите свои напори за воспитување на нашите деца. Искрено, јас потекнувам од семејство со две деца. Имам две раце. Јас сум посветена целосно да им дадам баланс на нашите деца. И Ноле е како дете за мене, бара многу внимание. Моите раце се полни со работа, мислам дека не ми треба повеќе работа. Го разбирам Ноле, тој пропушти многу да ги одгледува нашите деца и претпоставувам дека кога ќе ја заврши кариерата, ќе сака друго дете, да се обиде повторно. Како и да е, Јас велам не, не велам тешко „не“ ако животните околности се совпаѓаат поинаку, но мојот избор е „не“ “, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi