СВЕТОТ НА НОЗЕ! Исчезна ќерката на Анџелина Џоли и Бред ПИТ

8 септември, 2020
profimedia-0504972641

Драма во едно од најпознатите семејства

Кога никој не помислува дека може да има поголема драма во семејството Џоли-Пит, тие повторно шокираат. Имено, според „Нова идеја“, 14-годишната биолошка ќерка на Бред и Анџелина, Шајло исчезнала 48 часа. Ако им се верува на нивните написи, таа побегнала од дома заради сè што се случува во семејството. Нејзиниот татко, со кого е многу блиска, љуби модел кој изгледа како нејзината мајка, Анџелина е бесна на сè, а сето тоа остави големи траги на девојчето.

Минатата недела, што е скоро четири години откако започна драматичната судска постапка за развод, Шајло „пукна“. Одлучила сама да побегне од дома, да го најде сопствениот мир. „Отишла во куќата на пријателка цели два дена без никому да каже каде се наоѓа“, рекол извор близок до семејството. Иако по тие два дена се смирила и се вратила дома, во меѓувреме била повикана полиција.

„Енџи умре од грижа, како што можете да замислите. Таа знае дека Шајло има поразлични потреби од своите браќа и сестри. На Енџи едноставно и беше тешко да биде таму за сите нив во исто време и во иста мера. Шајло е помирно и повлечено дете, па затоа понекогаш е тешко да се знае што и се случува во главата“, рече споменатиот извор.

Откако целиот персонал на нивната вила тргнал во потрага по блиското соседство, 14-годишното девојче решило да и се јави на нејзината мајка и да и каже дека е добро. Иако беше загрижена, сфати дека на Шајло и треба малку одмор и време да размисли. Сепак, Енџи го обвинуваше Бред за сè, кој „парадира со германски модел додека децата го гледаат сето тоа“.

Да потсетиме, иако 56-годишниот актер сè уште не потврдил дека е во врска со скоро 30 години помладата германска манекенка Никол Потуралски, се чини повеќе од очигледно со оглед на тоа што пред неколку дена ја однесе во замок на југот на Франција, каде тој и 45-годишната Анџелина се венчаа во 2014 година. И покрај фактот дека неговата поранешна сопруга изгледа нема ништо против неговите романси, многумина веруваат дека овој „низок удар“ сепак ја исфрли од такт.