СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ: Принцот Чарлс тајно го прогласи за крал

4 септември, 2020
kral i kralica

Британското кралско семејство многумина се согласуваат е најпопуларно во светот. Затоа јавноста низ целиот свет го следи секој нивни чекор под „будното око“, а особено кралицата Елизабета. Меѓутоа ако им се верува на пишувањата на таблоидот “Денот на жената” оваа 94-годишна жена останува без енергија па затоа му ја предаде титулата крал на својот син 71-годишниот принц Чарлс, и сè се одвиваше во тајност.

Што ќе се случи кога кралицата Елизабета ќе почине? - M Express

Имено споменатиот медиум пишува дека Елизабета полека започнала да се откажува од своите должности за време на карантинот, иако еднаш изјавила дека ќе владее додека не умре. Сепак таа сфати дека е време да се повлече од тронот. Иако имаше полемики околу тоа кој ќе ја наследи, одлуката падна на – Чарлс.

Иако кралското семејство е познато по големите церемонии што го следат целиот свет, овој пат медиумите пишуваат дека предавањето на круната се случило во тајност. „Чарлс е разочаран што не е крунисан со голема помпезност но сфаќа дека сега е невозможно, открил извор близок до семејството.

Сепак наводно Чарлс е новиот крал, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон ќе играат голема улога. „Големото прашање е дали Кејт, војвотката од Велс сега ќе одлучи да стане принцеза, исто како и Дајана“, се запрашал изворот додавајќи дека Хари сè уште не коментирал за сè, со оглед на неговата „разнишана“ врска со неговиот татко.

escort - Korsan taksi