Таа е прва трансродова манекенка на насловната страна на славниот магазин, ова се нејзините најпровокативни фотографии

14 јули, 20200
Annotation 2020-07-14 141155

Валентина истакнува дека нејзиниот успех не дошол преку ноќ, туку дека е резултат на нејзината неуморна борба против дискриминацијата

Преубавата девојка по име Валентина Сампаио (23) е првата трансродова жена која како супермодел крази многу насловни страници на најпознатитесветски магазини.

Покрај бројните успеси во светот на моделингот, на Валентина и појде од рака па оваа година стана првата трансродова личност на насловницата на “Sports Illustrated”, списание познато по изданијата во кои се објавуваат супермодели во костими за капење.  

Станува збор за угледен спортски бренд кој од 1954та година па наваму, на своите насловници ги “угости” најпознатите имиња од модниот свет, како Хајди Клум и многу други.

Таа изрази голема благодарност, напиша отворено писмо во кое ја пофали инклузивноста на култниот магазин и подготвеноста за рушење на сите бариери.

Му благодарам на “Sports Illustrated” затоа што ме гледа токму таква каква што сум и ме прифаќа, за тоа што разбира дека сум човечко битие – е дел од нејзиното отворено писмо.  

Она што не е страно за оваа девојка, е токму рушењето на бариери во својата работа, па во својата книга на успеси може да запише и дека е првата транс личност која ја красеше насловницата на парискиот “Vouge”, во 2017 година.

Но, тоа не е се бидејќи само две години покасно, стана и првата транс личност која е ангажирана за најпрестижната и најпозната ревија “Victoria’s Secret”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi