Таа изгуби повеќе од 40 килограми, па сега ја користи секоја можност да позира во бикини за да ја покаже новата линија
28 јуни, 20200
Американската пејачка Џесика Симпсон ја користи секоја можност да го покаже своето тонирано тело како резултат на напорно вежбање. Нејзиниот тренер минатиот месец го откри режимот под кој била откако го роди своето трето дете минатата година, а за време на бременоста добила 110 килограми.
Симпсон успеа да изгуби повеќе од 40 килограми, но не помина без напорна работа и пожртвуваност. Нејзиниот тренер Харли Пастернак откри дека заедно направиле план да се грижат за нејзините вежби, но и да и помогне да се чувствува подобро во своето тело. Таа правеше 12.000 чекори на ден и исто така одржува лесна диета. Бројни обожаватели ја пофалија нејзината линија и ја преплавија со комплименти.