Таа не е од оваа планета! Ангелот на Викторија хипнотизира со своето тело!

19 ноември, 2020
gla

Славната манекенка од Јужна Африка и Ангелот на Викторија, Кендис Сванпул (32) го покажа своето неверојатно секси тело на плажата во Мајами, додека уживаше во сончевиот ден со пријателите.

Имено, убавата русокоса се сончаше и се капеше во минијатурно црвено бикини и се чинеше дека не се плаши од нов бран на пандемија на вирусот корона, со оглед на тоа што не одржуваше социјална дистанца.

32-годишната манекенка го покажа својот рамен стомак и неверојатно долгите нозе, како и подигнатиот задник на кој завидуваат жените ширум светот, а кога се сврте сите гледаа во нејзиниот танга костим за капење.

Совршена фигура и раст, правилно држење на телото, насмеано лице – сето тоа се атрибутите кои го красат славниот „ангел“, а кога чекори по пистата, Кендис е секогаш најзгодна од сите и уште еднаш докажа зошто била една од 8-те најплатени модели во светот.

Да ве потсетиме, летото 2019 година, Кендис на социјалните мрежи објави дека е сама откако 14 години беше во врска со бразилскиот модел Херман Николи (37), со кого има два сина.

Тие започнале да се забавуваат во 2015 година, кога таа имала 17, а тој 23. Тие се верија во август 2015 година и се разведоа во ноември 2018 година. Како што е познато, Херман беше првиот и единствениот партнер на убавата Кендис, а оттогаш не е познато дека убавицата била со некој друг.